Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСела: Со тој атентат до некаде успеаја да нè убијат, но се реинкарниравме

Села: Со тој атентат до некаде успеаја да нè убијат, но се реинкарниравме

За првпат по нападите на 27 април, денес на јавноста се обрати Зијадин Села, лидер на ДПА, која пак е дел од Алијансата за Албанците, пишува „Слободен печат“

– Со тој атентат до некаде успеаја да нè убијат, но се реинкарниравме и се вративме на политичката сцена. Ќе продолжиме пак со барањата и потребите на Албанците да ги преточиме во политички барања и заедно со сите други политички субјекти ќе продолжиме по овој пат и да се вратиме појаки, изјави Села на прес-конференцијата во Тетово.

На пресот беше присутен генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари, кој ги демантираше шпекулациите дека ќе биде новиот министер за здравство.