Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСела му дава апсолутна поддршка на Зоран Заев

Села му дава апсолутна поддршка на Зоран Заев

Зијадин Села без размислување со неговата коалиција Алијанса за Албанците му дава целосна поддршка на Зоран Заев за спроведување на неопходните реформи.

– Без разлика дали ќе влеземе во новата влада или не, ќе му дадаме целосна поддршка на мандатарот Зоран Заев да раководи со државата, изјави лидерот на ДР-ДПА и претставник на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното интервју за телевизијата Алсат.

Што се однесува до владината програма, тој рече дека инкорпорирани се предизборните ветувања на Алијансата на Албанците кои ќе придонесат за подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани кои живеат во Македонија.