Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСела ќе сведочи за обидот да биде убиен во Собранието

Села ќе сведочи за обидот да биде убиен во Собранието

Пратеникот Зијадин Села и лидер на Алијансата за Албанците денес дава исказ во Основното јавно обвинителство во Скопје за обидот да биде убиен во Собранието на 27 април кога беше на работ на линч од група на гневни напаѓачи кои го влечеа неговото тело по ходниците и го газеа со нозе.

Села се здоби со многу тешки повреди и неговата здравствена состојба беше комплицирана, но докторите успеаа да му го спасат животот. Тој по враќањето во јавноста нападот го окарактеризира како атентат врз Албанците, но рече дека сега се враќа посилен од било кога решен да биде дел од реформската влада која ќе донесе подобар живот.