Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСела: Груевски е тој што ја турка Македонија кон федерализација

Села: Груевски е тој што ја турка Македонија кон федерализација

Зијадин Села, претседател на ДПА-ДР и Алијансата за Албанците смета дека предлогот на Груевски за малцинска влада значи директен чекор кон федерализација.

„Предлогот на Груевски кон СДСМ да направи малцинска влада со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ при што би имале заедно 100 пратеници ќе значи федерализација на Македонија од следниот ден. Што ќе им значи на Албанците да учествуваат на избори и да работат во Собранието кога владата ќе биде составена само од Македонци“, прашува Зијадин Села во емисијата Клик Плус.