Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитература“Сексот и градот” – писателката Кендис Бушнел за нејзиниот нов сочен роман и животот во нејзините педесетти

“Сексот и градот” – писателката Кендис Бушнел за нејзиниот нов сочен роман и животот во нејзините педесетти

Кога Кендис Бушнел ја напиша нејзината колумна “Сексот и градот” во весникот New York Observer во средината на деведесеттите години, пишуваше за секс, дрога, популарни места во Менхетен и моќни фраери, како и за жени кои се обидуваат да успеат и во кариерата и во љубовниот живот. Не беше некоја тајна дека нејзината хероина Кери Бредшо била инспирирана од самата Кендис (таа го создала ова алтер его поради нејзините конзервативни родители). Господин Ѕверка бил базиран врз основа на Рон Галоти со кого имала врска со повремени прекини, и кој тогаш билголема ѕверка во Condé Nast. Нејзината колумна се фокусираше на смешниот, шокантен, осамен и возбудлив свет за тоа како е да се биде сингл во своите триесетти години во Менхетен. Колумната беше пишувана од некој кој од прва рака ги доживел работите за кои што пишува;беше колумна што открива многу; колумна која е толку кул и хистерично смешна, што читателите со нетрпение очекуваа да го прочитаат наредното продолжение. Како што и самата напиша во еден предговор на книгата во 2001 година, “’Сексот и градот’ има за цел да одговори на едно прашање од клучно значење. Зошто сме сеуште сингл?

CARIE AND BIG

 

Со неколку годиниувид врз проблемот, можам со сигурност да заклучам дека сме сингл затоа што сакаме да бидеме сингл.” Токму таа икреност и прифаќање на независноста со ширум отворени раце го направија нејзиното творештво привлечно за жените кои беа повеќе заинтересирани за тоа да водат богат живот отколку да дозволат бракот да им биде главна цел во животот.

CARRIE

Не е тајна дека шоуто на HBO – “Сексот и градот” стна културен феномен, и дека Бушнел оттогаш напишала безброј бестселери, вклучувајќи ги книгите “Џунгла од кармин”, “Петта авенија”, како и претходникот на приказната за “Сексот и градот” – “Дневниците на Кери”. Сепак, “Сексот и градот” е веројатно нејзината најпозната креација, а ѕвездата на шоуто – Сара Џесика Паркер стана синоним за ликот на Кери Бредшо. Па, затоа е генијален потегот што најновата книга на Бушнел “Убивајќи ја Моника” започнува со необичен воведен дел: четириесет годишна авторка не може да побегне од нејзината најголема креација и има несогласување со актерката која станала славна глумејќи ја неа.Со оглед на тоа што актерката во книгата се вика Сондра Бет Шноузер, се дигна фама дека ликот е базиран на Паркер. Бушнел е непопустлива во тврдењето дека книгата воопшто не е базирана врз било какви нејзини чувства кон “Сексот и градот” или пак Паркер, за која јавно изјавила дека навистина ја сака. Наместо тоа, Бушнел тврди дека авторот Филип Рот, а не вистинскиот живот е вистинската инспирација за идејата. А што се однесува до името Сондра Бет Шноузер? Таа вели дека настанало спонтано. “Ликот е многу поразличен и воопшто нема допирни точки со Сара Џесика Паркер,” изјавиla Бушнел за Yahoo Beauty.

sex city 2

Ликот на Сондра Бет прилично се разликува од Паркер. А комичната, будалеста содржина е дефинитивно фиктивна.  Педесет и шест годишната Бушнел претежно гопоминува своето време во нејзината куќа во Конетикат и вели дека лудите денови од нејзината младост и нејзините романи се зад неа. “Сакам да ја сочувам енергијата и возбудата за страниците,” вели Бушнел. Се разбира, самата помисла дека уште еднаш ја подига завесата на нејзиниот живот ќе ги натера обожавателите да поитаат по уште од нејзините “заразни” приказни.

SEX CITY 3

Yahoo Beauty: Што Ве инспирираше да ја напишете Вашата нова книга “Убвајќи ја Моника”?

Кендис Бушнел: Искрено, ме инспирираше Филип Рот. Мојата инспирација доаѓа од други книги. Луѓето секогаш мислат дека писателите се инспирираат од реалниот живот, но всушност човек добива инспирција од формата на уметност во која се изразува. Така, актерите се инспирирани од актери, врз музичарите влијаат и ги инспирираат музичари и како романописец, врз мене влијаат и ме инспирираат други романописци.

 

Yahoo Beauty: Дали Ве инспирираше некоја конкретна книга на Филип Рот?

“Ослободениот Цукерман”.Тоа е комичен роман за еден писател кој пишува книга која станува многу популарна и кого сите го мразат. Содржината е навистина хумористична. Навистина никогаш не ќе помислев да ја напишам “Убивајќи ја Моника” да не беше тој. Книгата беше многу експериментална на почетокот, многу нестварна и навистина смешна, па чувствувам дека за мене, пишувањето на оваа книга е чекор понапред кон тоа што навистина претставува моето дело, и тоа кој влијаел врз мене. Знаете, како на пример, Граучо Маркс и “Ова е луд, луд, луд, луд свет”, така што станува збор за вистински голема желба да се истражува овој апсурдистички хумор.

 

Yahoo Beauty:Хероината во Вашата книга е позната по пишувањето “женска литература”, но онашто таа навистина го сака е да пишува сериозен историски роман. Дали некогаш сте посакале да се “ослободите” и да пишуватте поинакви книги?

Мислам дека тоа е сон на секој писател. Тоа е дел од природата на писателот. Реалноста е таква што постојат премногу писатели се заобени во пишувањето одреден жанр на книги. Јас лично не се чувствувам така. Мислам дека отсекогаш сум го пишувалаона што сум сакала да го пишувам иона што сум имала потреба да го напишам како автор во тоа време. Навистина сметам дека моето дело се движи во поекспериментален и понадреален правец со колку што е можно поекстравагантни содржини. Првично, имаше споредна приказна каде што Пенди несакајќи зема женсен и мисли дека има седумнаесет години, но има тело на четириесет годишна жена. И се обидува да танцува со некои седумнаесет годишници на свадба, на што тие реагираат во стилот: “Што по ѓаволите?” Навистина е лудо.

Yahoo Beauty: Вашето пишување понекогаш отсликувало до каде сте со животот, дали “Убивајќи ја Моника” воопшто го отсликива Вашиот живот?

Чувтвувам дека сум во период на повторно пронаоѓање на себе си. Важно е да возиш напред. Тоа е нешто што како уметник го чувствуваш можеби два до три пати во животот, и едноставно се препушташ. Истото чувство го имав кога почнав да ја пишувам “Сексот и градот”. Чувствував промена, а и со оваа книга ја чувствувам истата енергија, па одам само напред.

 

Yahoo Beauty: Јавно изјавивте дека ја сакате Сара Џесика Паркер и дека ликот на актерката во Вашата книга “Убивајќи ја Моника” не е базиран на неа, но сигурно знаевте дека создавање на лик кој се вика Сандра Бет Шноузер ќе предизвика споредби.

Не, за мене ликот е многу поразличен. Имињата сами ми доаѓаат и тие се свети, и кога доаѓа некое име со него ми доаѓа и ликот. Ликот е многу поразличен и ни малку не наликува на Сара Џесика Паркер. Тоа е мојот став.

Yahoo Beauty:Како писателка, му дадовте нова форма на дијалогот поврзан за секс и за тоа како е да се биде сингл. Што мислите за културолошкиот ефект што Вашите дела го предизвикале?

Тоа е дилема како онаа за кокошката и јајцето. Бидејќи обично она што се случува во ваквите ситуации е доловувањето на духот на епохата –  тоа е нешто што започнало во духот на тоа време и “Сексот и градот” беше тука за да го долови. Мислам дека секогаш пишувам работи за духот на епохата, како на пример “Џунгла од кармин”, но таа книга едноставно не доживеа популарност и не знам зошто е тоа така. Тоа секогаш ми било нејасно, се чинеше дека е токму тоа што го бараа жените, желбата да видат жени со кариери, но книгата не успеа. Мислам дека уште не сме дошле до таму. Мислам дека светот се уште не е подготвен за “Џунгла од кармин”.

Yahoo Beauty:Што знаете за себе си сега кога сте во педесеттите години од Вашиот живот што можеби не сте го знаеле кога имавте дваесеттина?

Мислам дека сите ние сме родени со одреден степен на знаење и во различни периоди во нашиот живот, овие различни работи доаѓаат до израз. Да се надеваме дека како целосно оформена личност, човек е отворен кон оваа идеја за континуирано знаење, континуирано учење и континуирано стекнување на знаење. Така што мислам дека тоа воглавно треба да биде целта на животот – дефинитивно е мојата цел во животот.

Yahoo Beauty:Дали тогаш чувствувате дека сте помудра сега?

Се чувствувам поисполнето. Чувствувам дека сум повеќе своја. Мислам дека многу жени на моја возраст го рекле ова – навистина почнуваш да се чувствуваш како да ја населуваш сопствената кожа. Како помлада жена понекогаш чувствуваш дека телото не ти припаѓа тебе, туку дека и’ припаѓа на јавноста каде што може да биде осудувано и коментирано, врз основа на тоа дали е секси или не, дали е привлечно или не. Потребно е време за жените да се чувствуваат удобно во својата кожа, каде што навистина можат да бидат ослободени од таков вид накритички поглед и кога веќе едноставно не се грижат за такви работи.

Извор:Yahoo Beauty