Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСекс кампањата вроди со плод – Бебе бум во Данска

Секс кампањата вроди со плод – Бебе бум во Данска

Данската влада водеше кампања за зголемување на наталитетот повикувајќи ги граѓаните да имаат повеќе секс, особено додека се на летување. Сега, одговорната данска влада треба да провери дали трошењето на народни пари вродило со плод, односно дали Данците се „фатиле“ за работа.

Првичните резултати се позитивни со 1200 бебиња повеќе во однос на истиот период лани. Здравствените власти сепак, се потпретпазливи во проценките и сметаат дека повеќе фактори се во игра, но кампањата е само дел од позитивните трендови.

Инаку секс кампањата беше доста иновативна и повеќе градови подоцна и самите продуцираа свои видеа за да ги поттикнат граѓаните да остават потомство. Од друга страна, пак Шведска ќе спроведе истражување зошто граѓаните имаат помалку секс, а со тоа и помал наталитет кој е загрижувачки.