Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСекс афера и дрогирање на директор на Ер Србија, државата молчи

Секс афера и дрогирање на директор на Ер Србија, државата молчи

Директор на Ер Србија е фатен од приватни детективи како шмрка кокаин на работно место со својата љубовница која инаку му е и соработничка во компанијата, пренесува српски Курир. Детективите биле ангажирани од неговата сопруга која се сомневала дека ја изневерува, по што биле обезбедени сите докази со фотографии и видео снимки.

Ер Србија како државна компанија доби неверојатен буџет од 75 милиони евра и критичарите бараат поголеми контроли за тоа како се трошат парите, особено на раководството кое постојано влегува во скандали, а има огромни плати. Од Ер Србија молчат за скандалот и не даваат одговори на прашањата на новинарите.