HomeДЕНЕШНАСветСекој трет патент во светот пријавен во Кина

Секој трет патент во светот пријавен во Кина

kinezi-f2

Светската организација за интелектуална сопственост откри дека Кина минатата година поднела рекордни милион пријави за патенти, од кои речиси сите се фокусирани на огромниот домашен пазар. Агенцијата „УН“ со седиште во Женева, соопшти дека во 2015 година биле пријавени вкупно 2.9 милиони патенти, од кои една третина биле поднесени во Кина. Ја следат САД и Јапонија со по околу половина милион пратени патенти.

Две третини од вкупните пријави биле наменети за домашни патенти. Околу 42.000 кинески пријави биле за патенти надвор од Кина, стои во известувањето кое беше објавено денес. Најголем број на патенти биле пријавени во секторите за компијутерска технологија, електрични машини и дигитални комуникации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com