Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСеќавање за „Илинден“ – шест години од бродската несреќа во Охрид

Сеќавање за „Илинден“ – шест години од бродската несреќа во Охрид

Денеска се одбележуваат шест години од трагичното потонување на бродот Илинден во Охридското езеро, кога животот го загубија 15 бугарски туристи. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот, кога потона бродот кој со 57 патници сообраќаше на релација Охрид – Свети Наум.

„Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“. Капетанот Сотир Филески беше приведен уште на самиот ден на несреќата, а беше во пртвор се до правната разврска на случајот на 5 јули 2011 година, кога беше осуден на една година затвор. Олеснителна околност за Филески беше барањето на застапникот на бугарските државјани кои ја преживеаја несреќата, да у се изрече алтернативна, а не ефективна законска мерка на капетанот, со образложение дека сторил се што е во негова можност за да спаси што поголем број патници во критичниот момент, при што го жртвувал и сопствениот живот.

Денеска, делегации на Општина Охрид, на Граѓанското здружение „5 септември“, Капетанијата на пристаништа од Охрид, Бугарскиот културен центар од Скопје, како и на Ротари-клубовите од Охрид и Пирдоп денеска положија цвеќе пред споменикот на настраданите во бродската несреќа.