HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСега можете да го обоите хитот на Џон Ленон „Imagine“

Сега можете да го обоите хитот на Џон Ленон „Imagine“

Издавачката куќа „Хотон Мифин Харкорт“ најави дека ќе објави сликовница под назив „Imagine“, инспирирана од истоимениот хит на легендарниот британски музичар и член на популарната британска група „The Beatles“, Џон Ленон. Како што стои во соопштението, издавањето на оваа книга било одобрено од страна на вдовицата на Џон Ленон Јоко Оно.

Книгата ја следи и текстот од хитот на Ленон околу мисијата на младите голуби кои се залагаат за мир и ќе биде збогатена со илустрациите на Жан Жилиет. Сликовницата „Imagine“ ќе биде издадена на 21 септември, на Меѓународниот ден на мирот во партнерство со организацијата за заштита на човековите права.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com