Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСедумнаесетгодишно момче од Кичево ја застрела малолетната сестра

Седумнаесетгодишно момче од Кичево ја застрела малолетната сестра

Поради невнимание 17 годишниот Ќ.М. од Кичево си ја застрелал својата малолетна сестра. Тој со пиштолот, сопственост на неговиот татко испукал еден куршум, при што го повредил девојчето, кое по укажаната медицинската помош во Кичево било префрлено во Скопје на Клиниката за детска хирургија.

Таму и била констатирана прострелна влезно-излезна рана на десната надколеница.

Полицијата поднесе кривична пријава против Ќ.М. поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот, во семејна куќа во Кичево, неовластено чувал полуавтоматско огнено оружје, пиштол „ЦЗ“ калибар девет милиметри.

Пиштолот бил во сопственост на неговиот татко кој имал соодветна дозвола за поседување на огненото оружје.

Одземеното огненото оружје е испратено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.