Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСедумнаесет судии го обжалиле новиот годишен распоред

Седумнаесет судии го обжалиле новиот годишен распоред

До Врховниот суд во моментот пристигнале 17 приговори од судии кои се жалат на последниот годишен распоред кој го направи в.д. претседателот на кривичниот суд, Стојанче Рибарев, а со кој повторно беа деградирани, но и тргнати од одделите каде што пристигнуваат предметите од СЈО, пишува „Фокус“.

Врховниот суд се уште нема закажано општа седница на која ќе се разгледуваат приговорите, бидејќи се чека некој од нив да не стигне и по пошта.

Судите со „Фокус“ разговарал не се оптимисти дека приговорите ќе им бидат уважени, како што тоа се случи последниот пат. Сметаат дека овој пат Врховниот суд ќе ги одбие и распоредот ќе стапи на сила.

Рибарев, за свој заменик ја именува Славјанка Јанковска, судијката која со само еден потпис ги отфрли таканаречените “бомби” како индиции за постоење на сериозен криминал и корупција и со тоа спречи истраги за високи државни функционери.

По предметите во истрага на СЈО, пак, ќе постапува екс-претседателот Владимир Панчевски, како и судиите Ненад Савевски, Александра Поп Стефанија и Елена Илиевска-Јосифовиќ.

За разлика од нив, судии со долгогодишен стаж и добри оцени се деградирани во одделението за прекршоци или се ставени да судат предмети по стариот ЗКП.