Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСедумдневна геј парада во Прага

Седумдневна геј парада во Прага

Во Прага од денеска почнува еднонеделниот фестивал „Праг прајд“ кој го приближува животот на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и транссексуалците, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град. Петтиот по ред фестивал нуди 120 концерти, изложби, филмски проекции, спортски настани, дискусии и забави, а ќе заврши во сабота со карневалска Парада на гордоста во центарот на метрополата.

На отворањето ќе настапи и австриската брадеста пејачка Кончита Вурст, која во 2013 година победи на Евросонг. Со присуството на Вурст, според изјавата на еден од организаторите се прави обид да се привлечат повеќе хетеросексуалци отколку во претходните години, за што говори и годинашниот слоган „Сите сме подеднакво топли“.