Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСедницата продолжува утре – Груевски денеска издржа цел час во Собранието

Седницата продолжува утре – Груевски денеска издржа цел час во Собранието

Првата седница на Собранието никако да заврши. Заврши само деното шесто продолжение на маратонските реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО ДПМНЕ. За волја на вистината, денешната расправа беше многу поинтересна откако пратениците на СДСМ обелоденија документи, кои според нив, покажуваат дека Сашо Мијалков и неговите синови влегуваат во нафтениот бизнис. Конститутивната седницата на македонското Собрание ќе продолжи утре во 11 часот.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој по шест дена, денеска конечно се појави во Собранието, но на пратеничката клупа издржа да седи едвај еден час. Од минатиот понеделник пет дена беше на Малта, па затоа не можеше да присуствува на седниците. На заминувањето на Груевски реагираше и Радмила Шекеринска која кажа дека Груевски во Собранието седел многу кратко и по паузата веднаш го снемало.