Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСедмо издание на манифестацијата „Крушево-етно град“

Седмо издание на манифестацијата „Крушево-етно град“

Од утре до 2-ри август Крушево ќе блеска во духот на „Крушево-етно град“ што ќе се одржи по седми пат. Градоначалникот на овој град, Ѓорѓи Дамчески, ја потенцираше важноста на оваа манифестација во поглед на културата и традицијата на македонскиот народ.

Иницијаторот на манифестацијата, Ранко Петровиќ, изјави: „Наредните неколку дена Крушево ќе биде центар на историската и културна понуда. Единствено место во овој „напад“ на горештините во Македонија е да најдете рекреација, задовоство, да ја добиете револуционерната и историска приказна за Македонија, да добиете и богата културна понуда е историското Крушево.“

Богатата програма на „Крушево-етно град“ опфаќа изложби меѓу кои за филигран од срма на Флора Педрони, презентација на домашни и еколошки производи, концерти на познати групи. Официјалното отворање на манифестацијата започнува на 25. јули на градскиот плоштад во Крушево, со почеток од 20 часот.