Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСеди петка – Европа ги пофали пратениците на опозицијата

Седи петка – Европа ги пофали пратениците на опозицијата

Европската Унија ги поздрави чекорите на опозицијата за враќање во македонското собрание што е дел од почетната фаза на реализацијата на политичкиот договор иако до финално решавање на кризата потребни се многу поголеми напори и од двете страни.

maja kocijancic

Маја Коцијанчич портпаролката на Европската Комисија исто така упати апели да продолжи работата на процесот на реформи на политичкиот систем, како и побрзо назначување на Специјалниот обвинител кој ќе работи на случаите од објавените разговори за корупција и злоупотреба на власта.

Следно на реформското мени е договарање и на министрите и замениците кои од редовите на опозицијата ќе влезат во владата, па Коцијанчич и за ова прашање повика да се почитуваат одредени рокови. СДСМ допрва треба да ја докаже својата конструктивност во собранието и капацитетот за институционална борба со власта.