Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСеад Кочан се крие на Косово според извори на потрагата

Сеад Кочан се крие на Косово според извори на потрагата

Сеад Кочан во моментов се крие во местото Витомирица во близина на Пеќ, на Косово, тврдат извори кои се инволвирани во потрагата по него.

Според одредени извори, Кочан секојдневно ги менува локациите поради меѓународната потерница издадена за него. Во Косово за него е задолжен и му помага извесен Геро, сопственик на фирма за транспорт „Геро реисен“ од Нови Пазар.

Истите извори говорат дека Сеад Кочан престојува на Косово додека не биде завршено засолништето што му се подготвува во местото Сјеница, под планината Пештер на Санџак.

Според оваа информација, Кочан нема намера да се врати во Македонија каде му е одреден притвор и да се соочи со обвиненијата покренати против него, иако неговите адвокати тврдат дека е невин.

Извор: a1on.mk