Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСе зголемува кредитирањето на населението, а се намалува на фирмите

Се зголемува кредитирањето на населението, а се намалува на фирмите

Банките одобриле повеќе кредити на населението, а кредитирањето на корпоративниот сектор во април и во мај било намалено, информираат од Народна банка.

– Стагнацијата на кредитите во еден дел е одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, во согласност со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015 година, но веројатно е и реакција на неизвесниот амбиент и на падот на депозитната база. Така, во мај, годишната стапка на кредитен пораст изнесуваше 6,4 проценти, а без ефектот од отписите изнесуваше 8,1 отсто – информираат од Народна банка.

Оттаму додаваат дека ефектите од одлуката за отпис најсилно се почувствувале во јуни, кога е остварен значителен пад на кредитите на месечна основа од 1,5 отсто и кај двата сектора.

Извор: МЕТА