Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе збогатува досието на Душко Млекарот

Се збогатува досието на Душко Млекарот

Душко Млекарот како што на јавноста и е познат бунтовниот фармер од Битола овој пат доби нови кривична пријава за физички напад врз полицаец за време на протестите на Шарената револуција за оставка на битолскиот градоначалник Талески. Душко Илиески се товари дека на 17 април, за време на протестот, нападнал полицаец кој бил дел од полицискиот кордон кој ја обезбедувал општинската зграда.

– Обвиненијата се глупост. Како е можно да сум го извлекол полицаецот од кордонот и да го тепам? Па што правеле неговите колеги, спиеле, изјави Илиески за Фокус.

Душко Млекарот и стана познат на македонската јавност по бројните критики за откупот на млекото и проблемите со министерството за земјоделие, за потоа да биде обвинет дека е дилер на дрога заедно со неговиот брат и татко за пронајдениот див коноп на нивните ниви.