HomeДЕНЕШНАРепубликаСе затвора Утрински весник?

Се затвора Утрински весник?

3cab53d15be8577e64033c56720a19c4

Претставник на менаџментот на МПМ на вработените во Утрински весник денеска им соопштил дека финансиската состојба во весникот е многу тешка и дека или ќе има преполовување на вработени или ќе мора да се стави клуч на врата. Според неофицијални информации, тие ги известиле уредниците и синдикалните претставници дека досегашните мерки не дале никакви резултати и дека сметките се блокирани.

Минатата година платите на ниовинарите и други вработени беа намалени за 10 проценти, со образложение дека ова е привремена мерка до стабилизирање на финансиската состојба. Според информации на Актуелно, на главниот и одговорен уредник и се дадени 24 часа да направи список за отпуштања, во спротивно целиот весник ќе згасне.

Минатата недела на средба со синдикалните претставници од весникот Срѓан Керим известил дека ситуацијата е многу тешка, но нема да има отпуштања. Само за една недела ставот на менаџментот е радикално променет. Сега се поставени услови-или отпуштања или затворање на весникот. За сето ова се известени ЗНМ и Синдикатот на новинари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com