Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСе заглавил во јавен тоалет поради мобилен телефон!

Се заглавил во јавен тоалет поради мобилен телефон!

Норвешките пожарникари спасиле маж кој пропаднал во септичка јама во јавниот тоалет во близина на Осло, во која се спуштил за да извади мобилен телефон, но потоа не успеал да излезе. Бидејќи на неговиот пријател му паднал мобилниот телефон, 20-годишниот Като Бернтсен Ларсен пробал да го извади телефонот преку отворот во тоалетот.

„Прво се обидовме со помош на стап да го извадиме телефонот, но не успеавме. Тогаш скокнав во јамата. Останав таму еден час, па испаничив“, изјави Ларсен. Бидејќи му станало мачно, безуспешно се обидувал да се извлече од големата јама која се чисти еднаш годишно, се одлучил да ги повика пожарникарите на помош.

Norvezanin

„Ни беше прилично лесно. Испративме четворица пожарникари да го исечат делот од подот на тоалетот“, изјави портпаролот на таа пожарникарна служба, признавајќи дека тоа им била прва задача од таа врста. Сепак, ни после се, мобилниот телефон не бил пронајден, бидејќи јамата била „преполна“.