Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСе враќаат македонските топоними на населените места во Пустец

Се враќаат македонските топоними на населените места во Пустец

Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука со која на сите населени места во општината, по четириесет години им се вратија нивните автентични топоними. Одлуката само формално треба да ја одобри Префектурата на Корча со што станува правосилна.

Со одлуката се врќаат македонски топонимии на селата во општина Пустец: Zaroshkë – Зрноско, Lajthizë – Леска, Djellas – Шулин, Gollomboc – Глобочени, Kallamas – Туминец, Goricë е Madhe – Горна Горица, Goricë е Vogël – Долна Горица.

Албанскиот парламент на 18 март едногласно го донесе Законот за враќање на автентичното име на Пустец, со што се даде право Советот на општината да донесе одлука за населените места.