Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе води кон нов датум за избори

Се води кон нов датум за избори

Првично утврдениот датум за избори на 24 април најверојатно ќе биде откажан бидејќи опозицијата јасно е дека нема да учествува во политичкиот процес се додека не бидат целосно исполнети нивните барања за прочистување на избирачкиот список со проверена методологија која ќе гарантира еднакво право на гласа на сите граѓани, како и на регулација на медиумите. przinoИсто така се засилува и дипломатскиот притисок од Европската унија која не сака да пропадне проектот „Пржино“ па ќе мора сите договорени реформи во политичкиот систем да се спроведат докрај. Како следен можен датум за одржување на изборите се најавува 5-јуни, но од различни извори пристигнуваат и информации за есенски избори што премногу ќе го одложи решавањето на политичката криза.