Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе уште е активен пожарот кај манастирот Трескавец

Се уште е активен пожарот кај манастирот Трескавец

Пожарот што започна кај новите градски гробишта во близина на манастирот Трескавец во Прилеп сè уште е активен, информира Центарот за управување со кризи.

Оттаму велат дека во текот на вчерашниот ден пожарот се обновувал во неколку наврати и во близина на манастирот Трескавец каде што постојано дежура цистерна и една група од ангажираните пожарникари и работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Според последните од терен пожарот на потегот кон манастирскиот комплекс е прекинат и засега не претставува закана за манастирот.

Сеуште гори еденкрак кон меснота викана Заград. На планината на која се наоѓа манастирот гори смрека и висока трева и тоа во предели кои не се пристапни за противпожарните екипи и добоволците кои се излезени да помогнат да се изгасне пожарот.