Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСе урна воен авион во Португалија, тројца загинати

Се урна воен авион во Португалија, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа при уривање на воен товарен авион „Херкулес Ц13“ на воениот аеродром во Монтижо во Португалија, информира португалската Национална агенција за цивилно воздухопловство.

Португалска агенција Луса објави дека во несреќата, што денеска се случи во југозападниот дел од земјата, загинале три лица, додека уште едно лице е повредено, пренесува Танјуг.

Телевизијата СИЦ наведе дека до несреќата дошло кога авионот се запалил при полетување.

Португалското Министерство за одбрана засега не ја коментира несреќата.