Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСе урна хеликоптер во Чешка, нема преживеани

Се урна хеликоптер во Чешка, нема преживеани

Две лица загинаа по пад на хеликоптер на западот на Чешка, соопшти полицијата во таа земја. Портпаролот на регионалната противпожарна служба Стефан Ливинг истакна дека двете загинати лица биле и единствените во хеликоптерот, пренесе АП.

Портпаролката на полицијата Хана Стефлова кажа дека хеликоптерот паднал околу 15:30 часто по локално време во близина на селото Казнејов, која е на 100 километри од Прага. Двете жртви се од машки пол, но сеуште не се идентификувани, кажа другата портпаролка Мартина Корандова. Официјалните лица велат дека во моментов не се познати други детали за несреќата.