Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСе урна азербејџански товарен авион, седум лица се загинати

Се урна азербејџански товарен авион, седум лица се загинати

Азербејџански товарен авион се урна вчера во јужната авганистанска провинција Хелманд, при што загинаа седум од вкупно деветте патници, соопштија денеска воздухопловните власти на Азербејџан.
Како што јавува ДПА, авионот се урнал вчера околу 18:30 часот по локално време, додека полетувал од аеродромот „Дуиер“ во Хелманд, каде што е сместен контингентот на американските и авганистанските воени сили.
Азербејџанските медиуми јавија дека во авионот имало петмина Азербејџанци, тројца Украинци и еден Узбекистанец.

Засега нема информации за состојбата на преживеаните, ниту пак за причината за несреќата.