Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе укинува Советот за проверка на факти, судиите друг да ги контролира

Се укинува Советот за проверка на факти, судиите друг да ги контролира

До Собранието ќе биде поднесен нов предлог закон со кој се предвидува укинување на контроверзниот Совет за проверка на факти чија задача беше да ги проверува преставките на граѓаните во судските процеси и да дава предлози за работата на судиите пред Судскиот совет.

Сепак, прими голем број на критики бидејќи се формира надвор од рамката на редовните судови со членови кои се на пример судии или адвокати во пензија, професори и експерти. Исто така доби лоша оценка и од Венецијанската комисија, па се бараше модалитет како да се повлече од функција.

Правните експерите препорачуваа ова паралелно тело да биде заменето со надзор во судскиот систем, како и поголеми ингеренции на Уставниот суд кој би ги штител човековите права и слободи по поплаки од страна на засегнати граѓани.

Според професорот во пензија Осман Кадриу оваа промена е во склад со сите препораки: Покрај тоа што на некој начин бев лично засегнат, бидејќи конкурирав за член од редот на професори, сепак, и порано говорев дека е неуставно тело, кое на некој начин, претставува паралелно тело, вели тој.