Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе удави 27-годишно момче во Охридско Езеро

Се удави 27-годишно момче во Охридско Езеро

27 годишен маж се удави во Охридското езеро. Несреќниот настан се случи попладнево околу 16 часот на воениот камп во манастирскиот комплекс Свети Наум, пренесе Канал 5.

Се претпоставува дека давеникот бил на одмор и од непознати причини се удавил на плажата, каде не биле ангажирани спасителите на Црвениот крст.

Безживотното тело го забележале капачи и повикале помош. Увид на лице место изврши јавен обвинител и екипите на полицијата.