HomeДЕНЕШНАРепубликаСе тресеше и во Пехчево

Се тресеше и во Пехчево

По серијата на земјотреси во Скопје изминативе денови се бележат и помали земјотреси низ источна Македонија. Овој пат земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата скала е почуствуван после полноќ во Пехчево.

Епицентарот бил на 15 километри северо-западно од Пехчево на длабочина од 1 километар, пренесе, Европскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случи четири минути по полноќ, а жителите на Пехчево велат дека се почувствувал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com