HomeДЕНЕШНАПолитикаСе чека одлуката на второстепената комисија за зградата на Панчевски

Се чека одлуката на второстепената комисија за зградата на Панчевски

vladimir_pancevski

За само три дена, Комисијата за жалби два пати ургира до нас да ги доставиме списите од предметот за зградата на Панчевски – вели инспекторот во општина Центар, Кочо Стојчевски.

„Симптоматично е тоа што второстепената комисија пројавува интерес како за ниеден друг предмет до сега, да не кажам врши притисок за што побрзо да ги добие докуметите. Во втората ургенција се наведува дека доколу општината не го стори тоа, Комисијата ќе одлучува без списите“, вели Стојчевски.

Општината одговорила во законскиот рок и до Комисијата ги доставила записникот, решението за уривање и целокупната докуметација на која се повикува семејството Панчевски.

„По најавите во медиумите дека Второстепената комисија веќе донела одлука со која го поништува решението на општината ние до денес немаме добиено таква одлука. Сакаме да ја видиме таа одлука, сакаме да видиме зошто ако е таква одлуката. Дали правно формално имаат најдено некаква забелешка или суштински имаме направено некаква повреда на правото“, вели Стојчевски.

Од второстепената комисија не одговорија на повиците на Позитив.мк за да одговорат до која фаза е постапката по жалбата на Панчевски.

Панчевски прво најави дека Комисијата донела одлука во нивна корист, па потоа ја смени изјавата и рече дека очекувал позитивна одлука за нив. Семејството на Панчевски започна со уривање на зградата минатата недела бидејќи жалбата не го запира извршувањето. И денес работници ги отстрануваа спорните катови од зградата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com