HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе судрија автобус и автомобил кај Куманово, повредени двајца

Се судрија автобус и автомобил кај Куманово, повредени двајца

policija-soobrakajna-nesreka

Во уште една сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил која се случи вчера, овој пат на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на Куманово се повредени две лица од кои едното потешко, соопшти денеска МВР.

Несреќата се случила во 16 часот и 30 минути  помеѓу автобус и мерцедес. Двете возила, соопшти МВР се движеле по регионалниот пат во насока на Крива Паланка. Автобусот, марка „Неоплан“ со скопски регистарски ознаки кој бил управуван од 44- годишниот  Н.Р од Охрид  се движел зад мерцедесот кој пак бил управуван од 53-годишниот  Г.С инаку жител на општина Карбинци со штипски регистарски ознаки, по што дошло до судир на возилата.

Сопатникот и возачот од мерцедесот се повредени и со возило на итна медицинска помош се префрлени во кумановската општа болница, каде лекарите констатирале телесни повреди кај возачот, додека кај сопатникот се регистрирани тешки телесни повреди. По пружената помош и двајцата се задржани за понатамошно лекување во кумановската болница.

Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото на несреќата по овластување на јавниот обвинител.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com