HomeДЕНЕШНАРепубликаСе стресе и југот на Македонија по новиот земјотрес во Грција

Се стресе и југот на Македонија по новиот земјотрес во Грција

zemjotres1

Граѓаните во јужниот дел на Македонија повторно почуствуваа потрес синоќа по полноќ откако на северот на Грција удри уште еден силен земјотрес кој според податоците на Природно-математичкиот факултет во Скопје интензитетот на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Ова е втор земјотрес во изминатите 12 часа со епицентар во Грција кој е почувствуван во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран ноќеска во 00 часот и 12 минути со магнитуда од 5,1 степен според Рихтер, а беше почувствуван во Гевгелија, Богданци и Струмица со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала. Како што јавуваат локалните медиуми граѓаните во Струмица биле вознемирени, а некои излегле и на улица, исплашени од потресот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com