Се спојуваат двете најголеми светски пивари за 106 милијарди долари
Белгискиот производител Anheuser Busch InBev направи храбар чекор за превземање на пиварата SABMiller од Велика Британија за сума од неверојатни 106 милијарди долари. Новата компанија сега ќе контролира една третина од светскиот пазар на пиво, а одлуката е донесена за справување со падот на продажбата и надоаѓањето на малите пивари кои изработуваат специфични, домашни врсти на пиво.
Инаку Anheuser Busch InBev е еден од најголемите пивски гиганти кој ги поседува брендовите Budweiser, Corona, Stella Artois и Beck’s, додека пак SABMiller ги произведува луксузните пива Miller Genuine Draft, Peroni и Milwaukee’s Best кои доминираат во Велика Британија и САД.