Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМожна е промена во составот на владејачката коалиција во Германија

Можна е промена во составот на владејачката коалиција во Германија

Последните истражувања на јавното мислење во Германија покажуваат можна промена во владејачката федерална владина коалиција во правец на зацврстување на владеењето на ЦДУ на Ангела Меркел.

Според анкетатата на институтот „Форса“ од септември во Германија наместо голема коалиција меѓу ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократите земјата би можела да ја предводи коалиција составена Христијанските Демократи на Меркел, Слободните Демократи (ФДП) и „Зелените“.

Ваква коалиција „Јамајка“ коалиција (според боите на националното знаме на карипската држава) веќе се дискутира во покраината Шлезвих Холстајн каде во неделата ЦДУ на Меркел убедливо победи на покраинските парламентарни избори а дел од соработниците на Меркел јавно повикуваат овој рецепт да се примени и во Бундестагот.

Според анкетата на „Форса“ на федерално ниво ЦДУ заедно со баварската сестринска партија има поддршка од 36 отсто, а „Зелените“ и ФДП по 7 проценти што вкупно претставува 50 отсто од германските гласови и можност за крај на „Големата коалиција меѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД. Втората опција за нова левичарска влада е се помалку можна откако на последните анкети Социјалдемократите добиваат поддршка од околу 29 % а нивните природни партнери „Левицата“ и „Зелените“ не можат да донесат доволно гласови за мнозинство во Бундестагот.

Крајно десничарската „Алтернатива за Германија“ (АФД) која што во екот на бегалската криза дојде до двоцифрена поддршка од јавноста сега е на ниво од околу 7 % што со оглед на маргината на грешка од 2,5 проценти може да значи да не влезе воопшто во сојузното собрание.

Во директниот дуел меѓу кандидатите за иден канцелар предноста на Меркел (48 отсто) пред својот ривал од Социјалдемократите Мартин Шулц (27 отсто) е високи 21 процент. За разлика од Меркел која има поддршка од 90 отсто од симпатизерите на својата партија, Шулц има само 67 проценти поддршка меѓу поддржувачите на СПД.