Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСе самоуби кардиолог поради грижа на совест

Се самоуби кардиолог поради грижа на совест

Кардиологот Бошко Недиќ од Србија се самоубил бидејќи се обвинувал себе за смртта на свој пациент. 61-годишниот доктор од Нови Сад, кој работи како кардиолог во една приватна клиника, се фрлил од мост, а неговото тело по речиси еден месец исплива на површината на водата.

– Во автомобилот со кој дошол на местото на трагедијата имаше облека. Најдовме и кратка порака која беше упатена до неговото семејство која гласеше: Сакам да бидам погребан во Сремски Карловци, вели извор за српски Курир.

На обдукцијата е утврдено дека нема траги на насилство на телото на несреќниот маж и дека сам си го одзел животот.
Инаку, докторот наместо пациент на кој итно му е потребна операција на срцето, пратил друг пациент во Словенија, па пациентот починал, а докторот не можел да се справи со грижата на совест.