Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСе роди „џиновско“ бебе во Прешево. Погодете како ќе се вика

Се роди „џиновско“ бебе во Прешево. Погодете како ќе се вика

Бебе тешко 7,8 килограми дошло на свет во една приватна болница во Прешево, во јужна Србија. Лекарите од болницата информирале дека бебето и неговата мајка се во добра состојба. Среќните родители решиле бебето да се вика Ердоган, пренесува порталот „preshevajone.com“.

Според истиот извор, родителите рекле дека имаат причина за двојна радост, добиле син и ќе се вика Ердоган. Инаку турскиот претседател ужива голема популарност кај Албанците, како голем и докажан пријател на Косово и Америка, а пораталот пренесува дека во моментов околу 700 Албанци во Прешевската Долина го носат тоа име.