Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСе разгорува битка во Авганистан, Талибанците со нови напади

Се разгорува битка во Авганистан, Талибанците со нови напади

Во Кабул се одвиваше вистинска битка откако најпрво беше извршен бомбашки напад со комбе во многу густо населена област, а потоа беа нападнати базите на американските специјални единици и полициската академија. Судирите одземаа најмалку 50 животи, а стотина се ранети. Од страна на сојузничките сили има 8 загинати авганистански војници и еден војник од коалицијата чиј идентитет се уште не е познат.

afghan-attack1

Разгорувањето на судирите доаѓа по смртта на Мулах Омур долгогодишниот лидер на Талибанците кои сега сакаат да испратат порака дека тоа не ги ослабило нивните позиции и се уште се способни да се борат со поставената влада во Кабул, како и со американските војници кои во мал број се останати. Затоа замираат надежите дека конфликтот во оваа земја ќе може да се реши по мирен пат и преговори.