HomeРЕФЛЕКТОРФилмСе разделуваат Наоми Вотс и Лив Шрајбер

Се разделуваат Наоми Вотс и Лив Шрајбер

Актерката Наоми Вотс и нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Лив Шрајбер, одлучиле да се разделат. Тие никогаш официјално не беа венчани, но беа во врска полни 11 години и имаат две деца, деветгодишниот Александар Саша Пит и седумгодишниот Самуел Семи Кај.

Во заедничкото соопштение кое денес парот им го достави на медиумите гласи: „Во текот на последните неколку месеци заклучивме дека за нашето семејество е најдобро да се разделиме. Тоа ќе го направиме со голема љубов и почит, негувајќи го нашето пријателство додека ги одгледуваме децата и додека ги истражуваме новите фази од нашиот однос“.

47-Годишната Наоми и 48-годишниот Лив во оваа соопштение додадоа: Почитувајќи ја вашата љубопитност и поддршка, ќе ги замолиме медиумите да размислуваат за нашите деца и да го почитуваат нивното право на приватност“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com