HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСе разбудија „ѓаволите“ – Манчестер го „прегази“ Лестер

Се разбудија „ѓаволите“ – Манчестер го „прегази“ Лестер

Екипата на Манчестер Јунајтед го доби дерби дуелот со шампионот Лестер во рамки од 6.коло на англиската Премиер лига.

Многу полесно од очекуваното Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа над Лестер со 4:1, во првиот натпревар од денешната програма.

Головите за Јунајтед ги постигнаа: Крис Смолинг (22.минута) Хуан Мата (37), Маркус Рашфорд (40) и Паул Погба (42). Почесниот погодок за шампионот го постигна Демарај Греј (59).

Денеска се играат уште шест средби, а двојките се: Бурнемут – Евертон, Ливерпул – Хал, Мидлсборо – Тотенхем, Стоук – Вест Бромвич Албион, Сандерленд – Кристал Палас, Свонси – Манчестер Сити и Арсенал – Челзи (од 18:30 часот).

Останатите два натпревара, Вест Хем – Саутемптон и Барнли – Ватфорд ќе се играат утре и в понеделник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com