Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСе работи на обновување на Трета македонска бригада – од другото лето пократка релација за патот Аеродром – Скопје

Се работи на обновување на Трета македонска бригада – од другото лето пократка релација за патот Аеродром – Скопје

Започнаа градежните работи за проширување на фрекфентната Трета македонска бригада која ќе овозможи олеснување на сообраќајот на релацијата Лисиче/Аеродром – Центар.

Улицата ќе биде проширена и од десната страна на патот кон Лисиче и со тоа ќе се добијат уште 1.400 метри сообраќајница со четири ленти, зелен појас од 1,5 метри, велосипедска патека покриена со асфалт широка 2 метра и тротоар од бекатон плочки со ширина од 3 метри. Ќе се изгради и средишна разделна жардинјера со ширина од 5 метри, а ќе се постави и ново осветлување со 81 столб од 10 и 12 метри височина. Градежните работи за проширување на улицата ќе се искористат да се постави нова атмосферска канализација.

3 makedonska brigada 0На обновувањето работат екипите на градежната компанија Ескаватори,  Должината на првиот дел од улицата Трета македонска бригада, кој беше проширен минатата година, изнесува 1.243 метри, а ова обновување се очекува да биде завршено некаде на почетокот од наредното лето.