Saturday, May 27, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе прославува денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори

Се прославува денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори

Македонскиот народ денеска го прославува 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија, кое било кренато за да се започне долготрајна и напорна борба за ослободување од фашизмот. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Со тоа, овој датум не претставува само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. Со огромна почит кон сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание, останува да ја негуваме историјата за која тие се бореле и цврсто да чекориме кон пиедесталот во креирањето на македонската приказна.