Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе продолжува рокот за легализација на дивоградбите

Се продолжува рокот за легализација на дивоградбите

Владата на денешната седница го усвоила предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и за дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што се дава нова можност за легализација на дивоградбите, информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

– Сметано од 1 јануари до 31 декември 2018 година, сите граѓани што претходно не успеале да поднесат барање за легализација, ќе можат да го направат тоа во овој дополнителен рок. Граѓаните, пак, кои поднеле барања, но не ја обезбедиле неопходната документација, ќе имаат дополнителни шест месеци од 1 јануари до 30 јуни 2018 година – изјави Сугарески.

Тој нагласи дека услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година и додаде дека и понатаму се потребни истите документи за аплицирање како и претходно.

Досега процентот на легализирани дивоградби е околу 40 проценти или околу 186.000 објекти кои се легализирани и запшани во катастарот.

Сугарески ги повика сите пратенички групи во Собранието да ги прифатат овие законски измени, кои, според него, се исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија.