Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСе приготвува документација за комплетно нов Луна парк во главниот град

Се приготвува документација за комплетно нов Луна парк во главниот град

„Билд Урбан“ е Друштвото за трговија и услуги кое треба во рок од шест месеци да го изгради идејниот урбанистички план за изградба на нов Луна парк во Скопје.

Проектот ќе се гради со финансиски средства од буџетот на Град Скопје, но и со помош од државниот буџет, а неговата вредност изнесува околу 7 милиони евра. Сѐ уште нема објавено никаква визуелизација на паркот, ниту датум на започнување на изградбата ниту, пак, колкава површина ќе завзема од веќе постоечкиот Луна парк.

Победничкото идејно решение за објектот е на архитектите Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев, кое беше избрано во јуни годинава.