Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе преврти автобус со бугарски туристи, десетина повредени

Се преврти автобус со бугарски туристи, десетина повредени

На патот Крива Паланка-Куманово доцна навечер се превртел автобус кој пренесувал туристи од Бугарија, при што во несреќата потешко се повредени неколку лица и на нив им е укажана итна медицинска помош во болницата во Крива Паланка. До несреќата најверојатно дошло откако, возачот на автобусот, Љ.И.Л. (48) ја изгубил контролата, по што автобусот се превртел и удрил во дрво. Во автобусот имало вкупно 43 патници, а денес ќе се утврдуваат точните причини за несреќата.