Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСе преврте уште еден брод со мигранти, во тек е спасувачка операција

Се преврте уште еден брод со мигранти, во тек е спасувачка операција

Во водите околу островот Крит во тек е спасувачка операција по „значителен број“ мигранти, откако се превртел брод со засега непознат број бегалци во него, соопштија грчките власти.
Грчката крајбрежна стража информира дека бродот бил лоциран 75 наутички милји јужно од Крит, во меѓународни води и дека досега се спасени 250 лица.
Во операцијата за спасување учествуваат четири бродови, два грчки патролни чамци и два хеликоптера.