Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе преврте трактор во велешко, жена загина на лице место

Се преврте трактор во велешко, жена загина на лице место

На 13.07.2016 година во 08:30 часот во ПС-Велес, од страна на ИМП пријавено е дека кај селската чешма во с.Раштани-Велес, дошло до несреќен случај во кој се превртел трактор „ИМТ 539“ со велешки регистарски ознаки.

МВР денеска соопшти дека при несреќата на местото на настанот од здобиените повреди починала А.Ѓ.(1952) од Велес, а нејзиниот сопруг С.Ѓ.(1952) се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР-Велес и ЈО по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.