Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе преврте автобус во Србија – едно лице загина, над 60 повредени

Се преврте автобус во Србија – едно лице загина, над 60 повредени

Едно лице загина, а над 60 се повредени во сообраќајна несреќа, што утринава, околу 04.10 часот, се случи кај Бубањ Поток, на автопатот Ниш – Белград, за Танјуг потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

До несреќата дошло кога туристички автобус ја пробил заштитната ограда на патот и се превртел. Повредените патници се префрлени во Ургентниот центар, ВМА, КБЦ Земун и Институтот за мајка и дете во Белград. Сообраќајот на овој патен правец не е прекинат, но сепак отежнато се изведува, истакнаа од Информативната служба на српското МВР.
nis
Според портпаролката на Итната помош, Нада Мацура, 15 до 20 пациенти се тешко повредени. Во автобусот, на враќање од летување во Грција, се наоѓале 86 патници, истакна портпаролката на Итната помош. Во автобусот се наоѓале цели семејства и многу мали деца.