Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе прекинуваат владините препораки за рестрикција на работното време на одредени лица

Се прекинуваат владините препораки за рестрикција на работното време на одредени лица

Владата на Република Македонија донесе одлука за прекин на препораките со кои се ослободуваа бремените жени и хронично болните лица за вршење на работнте обврски, како и укинување на рестрикцијата на работното време за вршење градежни работи на отворено.

Причина за ваквата одлука е најавата од Управата за хидрометеоролошки работи дека во следниве неколку дена ќе има намалување на температурите на територијата на целатадржава.

Од Министерството за здравство соопштуваат дека континуираното следење на состојбата од страна на надлежните служби и понатаму ќе продолжи за да може да се преземат мерки во било кое време согласно надворешните услови.