HomeДЕНЕШНАПолитикаСе повеќе пресуди против исклучените од парно: БЕГ сака пред избори да си наплати, после нема да може

Се повеќе пресуди против исклучените од парно: БЕГ сака пред избори да си наплати, после нема да може

parno protest

Продолжува борбата против БЕГ. Исклучените од топлификација денеска повторно протестираа. Уште еднаш беа презентирани притисоците од инспекциите и од судовите. Во просек има по три пресуди против исклучените. Првиот човек на здружените граѓаните Но пасаран, покажа и фотографии на кои се гледаат лица од пазарната нспекција во неговиот стан. Тој обвини дека влегле без судски налог да прават попис. Исттака, рече дека ова е обид БЕГ да си наплати пред изборите, бидејќи по 11-ти декември нема да може.

Исклучените најавуваат протест и за 9 ноември кога се навршуваат пет години кога владата и топлификација ја запечатија судбината на исклучените. Велат дека нема да отстапат и дека нивните права ќе ги бараат до крај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com